Friday, June 17, 2011

ЗОШТО ЈА НОСИ ПРЕКУ ПРАГОТ?




Секој кој преседел низ цела свадбена церемонија присуствувал на најразлични адети кои во секоја смисла го одбележуваат судбоносното спојување на партнерите. Најголем дел од овие адети влечат корени од дамнешно време.
Кога станува збор за бурмата, античките грци и романи сметале дека прстот на кој се носи е директно поврзан со срцето преку нерв.
Затоа, останало во традиција бурмата да се носи на тој прст како симбол дека срцата на младите им припаѓаат еден на друг.
Традицијата младоженецот да избере кум којшто ќе му помогне со свадбените должности потекнува од германските племиња.
Всушност, кумот требал да служи како заштитник на младоженецот од лутите роднини на невестата.
Постои и друга традиција којашто може да се сретне кај повеќе култури, со различно објаснување на нејзините корени, а тоа е пренесување на невестата преку прагот во раце.
Како што знаеме, свадбите некогаш во минатото подразбирале и киднапирање на невестата.
Ова не само што ја објаснува улогата на младоженецот, туку и обичајот новиот брачен пар да ја напушти свадбата пред сите останати гости, па и самото пренесување на невестата преку прагот во рацете на младоженецот.
Како една од причините зошто младоженецот треба да ја пренесе невестата преку прагот е да ги избрка лошите духови и несреќата.
Суеверните европјани од западот верувале дека невестата која ќе се сопне на прагот ќе донесе несреќа во новиот дом и во бракот.
Па, бидејќи мажите се отпорни на ова, се покажало како добра практика тие да си ги пренесат своите нови сопруги.
Уште едно објаснување кое е интересно е дека жените се подложни на наметнување на духови особено преку нивните стапала.
Добро е што во денешно време сите овие причини се заборавени и пренесувањето на невестата преку прагот е една исклучително романтична завршница на свадбата.

No comments:

Post a Comment