ГАЛИЧКА СВАДБА
Секој Петровден (12ти Јули), Галичник, во богатиот летопис на долгата и макотрпна историја на македонскиот народ, во целото негово културно и национално богатство е место каде што раскошните носии, езгиите, величенствените обреди и ритуали ја најавуваат "Галичката свадба". Сето ова собрано на едно место навистина предизвикува воздишка кај секој намерен и ненамерен гостин. Триесетината обреди и обичаи поврзани со свадбата, кои сега се прават од сабота навечер до недела попладне, некогаш се изведувале со недели. Соединувањето започнувало со свршувачка или вршачка, а потоа следувале свадбените свечености, како китење на куќата и ставање бајрак, замесување погача, бричење на зетот, строј по невестата и, меѓу многуте други, симболичниот чин - гледање низ прстен. Невестата се променувала во невестинска носија и качена на коњ пристигнувала во својот нов дом каде што им се поклонувала на двете свети места на куќата - прагот и огништето. Потоа младенците се венчавале в црква и следувале уште многу други симболични адети. Галички обичај е невестата, при доаѓањето на зетот пред нејзината куќа е таа да го види низ златен прстен. Токму поради оригиналноста и единственоста на оваа манифестација Галичка свадба е номинирана за ремек дело на духовното наследство на УНЕСКО.БЛАГА РАКИЈА
Свекрвата подготува блага ракија и погача и ги праќа деверите кај родителите на невестата. Благата ракија е симболика дека деверите ќе однесат блага вест дека невестат е чесна. Кај невестата деверите ги пречекуваат исто така со блага ракија и печени кокошки. Потоа деверите обично ги испраќаат со три печени кокошки. Кокошките се наденати на стапчиња украсени со китка. На стапот има наденато јаболка. Потоа пак деверите се враќаат со блага ракија кај младоженецот. Тој треба да им ги одземе пратените кокошки од деверите кои бегаат и доколку не може да ги фати ќе треба да плати. Од тие кокошки и кокошките кои се подготвени од селаните, пријателите и роднините се прави богата трпеза. Што значи дека понеделникот е свадбен ден за блиските, кои што во неделата биле ангажирани и помагале за да бидат нагостени сватоштините, и во понеделникот јадат пијат играат и се е проследено со соодветни песни. Гостите на крајот се послужуваат со блага ракија и баклава.
ВОДЕЊЕ НА НЕВЕСТАТА НА ВОДА
Деверите ја придржуваат невестата, таа носи две стоми деверите стоминте ги полнат три пати, невестата со нога ги истура и третиот пат налеваат вода и пак во придружба со деверите и најблиските со песни и ора одат во домот. Свекорот и свекрвата ја затвораат портата за да кога ќе дојде невестата од чешма им тропне на портата и да ги викне мајко и татко отворетe. Со тоа ќе ја навикнеле невестата да ги вика мамо и тато. Со водата што ја донела на свекорот и свекрвата им полива од водата што ја носи и на кумовите исто им полива и притоа постојат различни обичаи некои безобразни на свекрвата и ги палат гаќите шамијата се пали слама ржаница. Откога ќе заврши сето ова, се крши плетеницата која што била месена во петок се крши и се дели на присутните обично момчиња и девојчиња кои меѓусебе си ги разменуваат парчињата од погачата-плетеницата по што завршуваат свадбените свечености а малдите земенетите парчиња од плетеницата ги ставаат под перница и преспиваат на нив. Се верува дека таа или тој што ќе се сони ќе биде на ксмет.
БАНИЦА ЗА ЗЕТОТ
Пред да почне трпезата бабата го почестува младоженецот на чело на трпеза со баница и кајгана. На јајцата се става шеќер. Симболиката на баницата е момчето да се врти околу невестата, а на благите јајцата да им биде благ животот. Во некои места има и дарување на сватовите. Потоа следува песни и ора со задолжителната песна “Церешна се од корен корнеше”. Со тоа поаѓаат од дворот на невестата и се поаѓа во црква за венчавка.
КАНЕЊЕ НА ГОСТИТЕ
Свадбените обичаи почнуваат во петок со каниски (канење на гостите за свадба со колачиња во поново време со бонбони и ракија). Значи се формираат групи од по три канарии, девојчиња облечени во народна носија или во свечена облека и одат од куќа до куќа по роднини, пријатели, комшии давајќи им колаче бонбона или на мажите да се напијат ракија и ги покануваат тој и тој ве кани на свадба на синот или ќерката во зависност што е.
ЗЕМАЊЕ НА НЕВЕСТАТА ОД НЕЈЗИНИОТ ДОМ
Започнува со собирање на сватовите во дворот или во куќата на малдоженецот, се пее и игра со народна музика и заеднички се оди по кумот и по старосватот. Од таму кога ќе се комплетираат сите се тргнува по невестата. По патот свадбвената поворка е проследена од музика, песни, пукање од пиштоли и пушки. Сватовите одат во дворот на невестата каде што на портата стојат девојчиња од страната на невестата и ги китат сватовите. Додека пак сватовите по обичај им ставаат паричка на девојките кои китат. После тоа влегуваат во куќата каде што невестата е затворена во една соба. Невестата обично ја чуваат брат или братучет кои не го пуштаат младоженецот да влезе во собата туку му бараат да плати за да влезе. Откако ќе ја ”купи” невестата таа ги поздравува гостите со добредојде, им бакнува рака и ги поканува на свечена трпеза во куќата или во дворот.